27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСеријата Desire на HTC се шири и на таблети

Серијата Desire на HTC се шири и на таблети

tablet 33

На интернет страната „GFXBench“ се појави уште еден уред на „HTC“. Но, овој пат не станува збор за нов смартфон, туку за таблет кој има кодно име „HTC IV5001-A“ и кој ќе биде дел од серијата на компанијата „Desire“.

Што се однесува до самите спецификации, „GFXBench“ наведува дека станува збор за 6,9 инчен модел со „HD“ резолуција кој ќе користи четиријадрен процесор „Spreadtrum SC8830 SoC“ со такт од 1,3 GHz. Графичкиот дел е препуштен на „Mali-400 MP2“.

Кога станува збор за меморијата видливо е дека „HTC“ се има одлучено за комбинација од 1 GB RAM и 16 GB интерна меморија, која дополнително може да се прошири со „microSD“ картичка до 64 GB капацитет. Таблетот како и секој друг ќе има и две камери, па така „Desire T7“ на двете страни ќе има 5-мегапикселна камера.

Двете камери ќе можат да снимаат видео записи во „FHD“ резолуција, а задната ќе има и „LED“ блиц и поддршка за автофокус, „touch focus“, функцијата „face detection“. „Desire T7“ ќе поддржува и „Wi-Fi“, „Bluetooth“, „GPS“ и „NFC“ технологија.

„Desire T7“ таблетот чија поединечна цена ќе изнесува околу 170 американски долари, а засега се шпекулира дека овој уред ќе биде наменет за пазарите во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП