19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple очекува пад на приходите и продажбата на iPhone

Apple очекува пад на приходите и продажбата на iPhone

_87942291_applelogo

Приходите и добивката на Apple во изминатото тромесечје достигнаа рекордно ниво, сепак цената на акциите на тој технолошки гигант значително падна бидејќи компанијата најави пад на приходите и продажбата на iPhone во тековниот квартал.

Според бизнис извештајот објавен во вторник, Apple во изминатиот квартал остварил чиста добивка од 18,4 милијарди долари, додека во истиот период година дена претходно забележа добивка од 18 милијарди.

Приходите на компанијата порасна во изминатиот квартал за 1,7 отсто на годишно ниво, на рекордни 75,9 милијарди долари.

Притоа Apple вкупно продаде 74,8 милиони телефони, што е само 0,4 отсто повеќе во однос на истиот квартал претходната година и најбавниот раст од 2007 година, кога овој најважен производ на компанијата се појави на пазарот.

Последица на тоа е забавувањето на продажбата на пазарите во Кина, Хонг Конг и Тајван. Во изминатото тромесечје приходите на Apple на тие пазари достигнаа18,4 милијарди долари. Тоа е 14 отсто повеќе од претходната година, но во претходните квартали растот беше значително поголем.

Забавениот раст на приходите на компанијата се припишува и на високиот курс на доларот бидејќи заради тоа паѓаат приходите на американските компании на странските пазари. Изминатата година вредноста на доларот наспроти најважните светски валути порасна околу 9 отсто.

Apple проценува дека заради тоа приходите во изминатото тромесечје му се намалени за пет милијарди долари

И покрај рекордната добивка и приходите, цената на акциите на Apple, кои од почетокот на годината загубија пет отсто, падна во вторник во продолженото тргување на Волстрит за уште два отсто.

Тоа е последица на разочарувачките прогнози за идниот раст. Apple, имено, во првото тромесечје оваа година очекува приходи меѓу 50 и 53 милијарди долари, додека во истиот период лани забележа приходи од 58 милијарди.

Ако се остварат овие проценки, ќе биде тоа прв квартален пад на приходите на оваа компанија од 2003 година.

Apple, притоа, очекува и пад на продажбата на iPhone во тековниот квартал на 50 до 52 милиони уреди, додека во истиот период лани продаде 61 милион од овие уреди.

Компанијата ни овој пат не ги објави бројчаните податоци за продажбата на Apple Watch, нејзин прв целосно нов производ од 2010 година, но аналитичарите велат дека малку е веројатно дека тој производ станал толкав погодок како iPhone во првата година кога се појави на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП