17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNovartis повторно забележа послаба добивка од очекуваната

Novartis повторно забележа послаба добивка од очекуваната

novartis

„Novartis AG“, вториот најголем производител на фармацевтски производи во Европа, забележа профит за четвртиот квартал под очекувањата на аналитичарите, бидејќи приходите на единицата за нега на очите продолжуваат да се намалуваат, а силниот американски долар се одразил негативно на глобалната продажба, објави „Bloomberg“.

Показателот за профит, кој компанијата го нарекува основна нето добивка, исклучен резултатите од продадени или прекинати активности, како и некои трошоци, се намали за 5% до 2,71 милијарди долари, изјави компанијата со седиште во Базел, Швајцарија. Тоа се покажува под просечната оценка за 2,9 милијарди долари на 12-те аналитичари анкетирани од „Bloomberg“.

Продажбата на „Alcon“ која „Novartis“ ја стекна за околу 41,2 милијарди долари во 2010-11 година, се намалија за 13% во текот на кварталот до 2,3 милијарди долари. Компанијата најави дека претстои промена на раководството на одделот за офталмолошки производи, како и спојувањето со широко фармацевтската поделба. Главниот извршен директор Џо Хименез предвиде дека „Alcon“ ќе пријави профит кон крајот на 2016-та година со раст меѓу 4% и 6%.

Во 2016-та година фармацевтскиот гигант очекува продажбата и главниот оперативен профит, како целина да останат без промена во однос на минатата година врз база на постојан девизен курс.

Производителот на лекови си постави за цел да ги намали годишните трошоци со над 1 милијарда долари до 2020-та година, така што ќе го централизира производство и ќе обедини некои активности за развој на фармацевтски производи. „Novartis“ ќе има и еднократни трошоци за реструктуирање во вредност од 1,4 милијарди долари, кои ќе бидат распоредени во 5-годишен период.

Глобалната продажба во четвртиот квартал се намалил за 4%, приходите од фармацевтската поделба остануваат без промена на ниво од 7,9 милијарди долари, а од делот „Sandoz“ за генерички лекови се намалил за 8% до 2,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП