КОМПАНИИ

Хрватски АгроФруктс купи три македонски компании

agrofrukts

Хрватската групација АгроФруктс објави во вторникот дека во Македонија аквизирала три големи компании кои се занимаваат со откуп на свежо овошје и зеленчук.

Се работи за компаниите ВАНТ, Еуро-Агрија и Футура, чии седишта се во Струмица и околината.

Вкупната пазарна вредност на трите компании изнесува околу 6,7 милиони евра, а нивниот годишен откуп изнесува околу 20 илјади тони свежо овошје и зеленчук.

АгроФруктс е сопственик и на најголемиот и најмодерниот откупно-дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук.

„ Преку оваа аквизиција ќе ја зајакнеме својата позиција на набавниот пазар, дополнително ќе ги пополниме капацитетите и ќе ја прошириме трговската база. Очекуваниот ефект е зголемување на волуменот и проширување на нови пазари“, изјави претседателот на Управата на АгроФруктс, Денис Матијевиќ.