28 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПикапот на Mercedes ќе се вика X-Class?

Пикапот на Mercedes ќе се вика X-Class?

pikap mecka 335

Првиот пикап на „Mercedes-Benz“, кој се развива врз основа на новата генерација „Nissan Navara NP300“, најверојатно ќе го добие името X-Class. Тоа го пишува весникот „Car Advice“, според кое другата опција за името на возилото е „Z-Class“.

Според информациите новиот пикап ќе се нуди со три нивоа на опрема. Основната верзија е наменета за купувачите на стандардните пикапи, додека топ варијантата ќе добие луксузен салон во стилот на моделот „B-Class“.

При излегувањето на пазарот автомобилот ќе се нуди со избор од два дизел мотори. Послабиот ќе биде 2,3-литарски мотор со 4 цилиндри кој развива моќност од 187 КС и 450 Nm, а најмоќниот – 6-цилиндрски со зафатнина од 3,0 литри. Тој располага со 255 КС и 550 Нм.

Во „Mercedes-Benz“ предвидуваат концептуалната верзија на пикапот да биде претставена на некој од големите саеми догодина. А на пазарот возилото ќе се појави најдоцна до крајот на деценијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП