30 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Philips зголемена за 55 отсто

Добивката на Philips зголемена за 55 отсто

philips ss

Холандскиот електронски гигант Philips извести дека во минатата година ја зголеми нето добивката за 55 отсто во однос на претходната година благодарение на зголемените приходи во работењето со апаратите поврзани за здравствена нега и за животниот стил.

Вкупната нето добивка за акционерите во минатата година изнесувала 645 милиони евра, а приходите изнесувале 24,2 милијарди евра и се зголемени благодарение на растот на нарачките во Северна Америка и Европа.

„Целата 2015 година е солидна за Philips, што се  гледа во постојаното подобрување на резултатите и покрај продолжените економски предизвици“, рече извршниот директор Франс ван Хојтен, коментирајќи ги минатогодишните резултати.

За 2016 година Ван Хојтен прогнозира умерен раст на приходите во контекст на развојот на компанијата кој ќе се движи во насока на поедноставување на работењето преку одделување на одделот за апарати поврзани за здравствената грижа и за животниот стил од традиционалното работење со осветлување.

Се очекува разделувањето да биде завршено до крајот на годината, а аналитичарите прогнозираат дека Philips на крајот би можел да го продаде одделот со осветлување, долгогодишен темел на холандскиот гигант.

Првата светилка Philips ја продаде неколку години по формирањето на компанијата во далечната 1891 година, а во последните десетина години се насочи на медицинска опрема.

Претставувајќи ги резултатите од работењето за 2015 година, од Philips порачаа дека ќе предложат исплата на дивиденда од 80 евроценти по акција, идентично како и во претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП