
Лојалност кон брендот. Според овој показател изданието „Forbes“ создаде рангирање базирано на податоците на „Experian Automotive“ за пазарот на САД.


Лојалност кон брендот. Според овој показател изданието „Forbes“ создаде рангирање базирано на податоците на „Experian Automotive“ за пазарот на САД.
Лидер во рангирањето е јапонската „Subaru“, која цели 67,7% од нејзините клиенти обично ја избираат истата марка при купувањето на наредното или дополнитело возило.
Второто место е за „Ford“ со резултат од 66,7%, а потоа е рангиран „Mercedes-Benz“ со 65,1%.
Еве ги и останатите брендови во топ 10:
4. „Toyota“: 63,5%
5. „Kia“: 63,2%
6. „Hyundai“: 61,3%
7. „Nissan“: 61,1%
8. „Chevrolet“: 60,7%
9. „Lexus“: 60,7%
10. „Honda“: 59,9%

Кај поединечните модели со најлојални клиенти е теренецот „Range Rover“. Дури 48,2% од сопствениците на овој модел ќе го изберат повторно при промена на возилото.
Втората позиција е за „Mercedes-Benz S-Class“ со показател од 46,6%, а веднаш по луксузната германска лимузина е рангиран моделот „Lincoln MKZ“ со 44,8%.
Број четири во рангирањето е за „Mercedes-Benz Sprinter“ кој има сличен резултат со „Lincoln MKZ“ – 44,8%. Со минимална разлика – резултат од 44%, на петтото место застанува електромобилот „Nissan LEAF“, кој е лидер во својот сегмент.
Во топ 10 се наоѓаат уште и „Ram 1500“ (42,9%), „Lexus RX“ (42,7%), „Hyundai Genesis“ (42,5%), „KIA Soul“ (42%) и „Subaru Forester“ (41,1%).
Од изданието појаснуваат дека лојалноста на клиентите зависи од неколку главни фактори, меѓу кои задоволството на купувачите, претставувањето во однос на конкурентите на пазарот, маркетингот и друго.