5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОвој линк може да го уништи вашиот телефон за неколку секунди! (видео)

Овој линк може да го уништи вашиот телефон за неколку секунди! (видео)

virus 33

„Сrashsafari.com“ може да ви изгледа како сосема безопасна интернет адреса. Но, доколку ја отворите на телефонот, таа ќе го уништи мобилниот оперативен систем за неколку секунди. И не е важно дали користите „Android“ или „iOS“.

Линкот претставува „бубачка“, кој е составен од четири кодови. Специјалистите сметаат дека е толку опасен, дека може да влијае дури и на десктоп компјутери.

Како работи?

„Багот“ испишува толку многу симболи во полето со адреса, така што тие ја полнат целата меморија на уредот што го рестартира.

virus 34555

Од каде доаѓа?

Секако, и тука социјалните мрежи имаат вмешаност. Таму кодот се дели во форма на скратена „URL“ адреса. Единствениот начин да бидете сигурни дека нема да го фати вашиот телефон, е да внимавате какви линкови отворате. Се уште не е јасно до какви трајни последици води „багот“ и дали апаратот работи нормално, откако е заразен со него.

Поради сè повеќе масовното ширење на мобилни телефони во светот, уредите стануваат се почесто нападнати. Првиот вирус во оваа сфера се појавува во 2000-та година во Шпанија. Тоа е црвот „Сabir“ кој влијаеше на телефоните во 23 земји во светот.

Специјалистите даваат четири важни совети, ако сакате да го заштитите вашиот телефон од вируси:

Не го држете „Bleutooth“ постојано вклучен

Не отворајте „MMS“ од непознати броеви

Внимавајте со линковите во социјалните мрежи, бидејќи тие денес се особено опасни

Инсталирајте на уредот мобилна вирус програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП