20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија резервираше 1,7 милијарди долари за кризен план

Русија резервираше 1,7 милијарди долари за кризен план

RUSSIA ECONOMY CURRENCY

Руската влада одвои 135 милијарди рубљи (1,7 милијарди долари), за да помогне во реалната економија според проектот за антикризен план, јави „Ројтерс“, повикувајќи се на двајца високи руски претставници.

Според трети извор, Москва може да користи одделно 340 милијарди рубљи за намалување на социјалното незадоволство.

Засегната од ниските цени на нафтата, западните санкции и поевтинувањето на рубљата, Русија е поделена помеѓу потребата да поддржи контракција на економијата и желбата да се задржат нејзините средства кои помогнат во надминувањето на еден од најсериозните падови откако Владимир Путин е на власт.

Двајца високи руски претставници, кој побараа анонимност, посочија за „Ројтерс“ дека е подготвен антикризен план, кој предвидува 135 милијарди рубљи во помош на реалната економија. Средствата се земени од непотрошени буџетски пари од 2015-та година, додаваат тие.

Дел од средствата ќе одат кај производителите на железнички и земјоделски машини, како и на стоки за широка потрошувачка, а исто така и во секторот на градежништвото. На руските производители на автомобили веќе им ветија 50 милијарди од 135-те милијарди рубли, посочи друг извор.

Министерството за финансии, кое го контролира антикризниот фонд, е против трошењето на сите пари, додаде еден од изворите. Конечната одлука кој сектор колку ќе добие претстои да биде донесена.

Поголем дел од помошта ќе биде во форма на субвенции и државни гаранции за да се споделат ризиците за банките и да се намалат каматите.

Бруто домашниот производ на Русија се намалува за 3,7% во 2015-та година, покажуваат прелиминарните податоци на Федералната статистичка служба, цитирани од специјализираното издание „Росблат“. Во 2014-та година беше забележан раст од 0,7%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП