21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНова драма, Македонија ремизираше со Норвешка

Нова драма, Македонија ремизираше со Норвешка

mak-nor

Македонија одигра нерешено со Норвешка 31:31 (17:13) во вториот меч во Групата 1 на Европското првенство во Полска.

Македонските ракометари, против селекцијата која е најпријатното изненадување на ЕП, играа беспрекорно 47 минути, кога водеа 27:22, но во последните десет минути на противникот му дозволија да го преземе водството 30:31, а потоа Миркуловски на 90 секунди до крајот го постави конечниот резултат. До крајот двете селекции не реалзиираа по еден напад и резултатот остана ист.

Македонија бргу се рехабилирираше по катастрофалната игра со Хрватска, од стартот на Норвежаните им го наметна својот стил на игра и полека ја градеше предноста.

Одбраната на чело со голманот Ристовски ги неутрализира противничките бекови, а нападот беше мирен, течен и ефикасен.

Таквата игра на Македонија ѝ донесе предност од четири гола на полувреме (17:13), која без поголеми проблеми ‘црвено-жолтите’ ја одржува до 47. минута, кога во одбраната започна да попушта, а нападот стана безидеен.

Згора на тоа, и норвешкиот голман, кој 52 минути имаше само четири одбрани, за нецели две минути одбрани три удара (Манасков, Герогиевски, Стоилов).

Таквата игра Норвежаните безмилосно ја казнија, најпрвин израмнија на 28:28, а во финишот поведоа со 30:31, потоа имаа и два напада за зголемување на водството, пред Миркуловски со својот трет гол на мечот да го постави конечниот резултат 31:31.

Блескаше на овој натпревар капитенот Лазаров кој постигна 11 голови, Манасков беше стрелец на пет, а Миркуловски на три гола. Голманот Ристовски мечот го заврши со десет одбрани.

Македонија наредниот меч ќе го одигра в среда, против селекцијата на Белорусија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП