5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПритстигна K5 Note само неколку недели по премиерата K4 Note

Притстигна K5 Note само неколку недели по премиерата K4 Note

k5 note

Само неколку недели откако кинескиот производител на смартфони „Lenovo“ го претстави евтиниот модел „K4 Note“, од компанијата го претставија и неговиот заменик – „K5 Note“.

Уредот се одликува со новиот 64-битен процесор со осум јадра на „Mediatek“ – „Helio P10“, како и метален дизајн. Екранот е 5.5-инчен со резолуција од 1080 пиксели, а оперативната меморија е 2 GB. Внатрешната меморија е 16 GB која може да се прошири со картичка.

k5 note 2

Задната камерата на уредот е 13-мегапикселна, а предната со резолуција од 8 мегапиксели. Батеријата е со капацитет од 3.500 mAh, а исто така има опција за брзо полнење. Според информациите, оперативниот систем кој го користи овој смартфон е „Android 5.1 Lollipop“.

Димензиите на уредот се 152 x 75.7 x 8.49 mm, а притоа тој поддржува користење на две „SIM“ картички, како и новите 4G-мрежи. Позади е лоциран звучник со ефект „Dolby Atmos“ со моќност од 1.5 W, како и сензор за отпечатоци.

k5 note 1

Цената на уредот е 1.099 јуани (167 долари), а според информациите од компанијата, овој смартфон прво ќе се појави на кинескиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП