26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin DB10 е новата „мета“ на богатите колекционери (фото+видео)

Aston Martin DB10 е новата „мета“ на богатите колекционери (фото+видео)

bondic

„Aston Martin DB10“ е создаден исклучиво само за најновиот филм за прочуениот британски таен агент, но еден примерок од овој модел сепак ќе заврши во гаражата на некој од богатите љубители на спортски автомобили.

bondic1

Еден од десетте примероци на моделот „Aston Martin DB10“, коишто беа изработени само за потребите на снимањето на филмот „Spectre“ ќе биде понуден на 18-ти февруари на продажна аукција во Лондон.

Возилото за коешто ќе наддаваат потенцијалните купувачи со најмалку еден милион фунти во џебот (се проценува дека конечната цена ќе ја надмине таа сума), е едно од двете коишто се употребувани во промотивни цели за време на премиерите на филмот и не е модифицирано поради снимањата.

bondic2

Базиран нa „Aston Martin V8 Vantage“, „DB10“ поседува каросерија изработена од карбонски влакна, како и единствен рачно изработен ентериер.

bondic3

За погон е употребен 4.7-литарски V8 агрегат поврзан со шестбрзински мануелен менувач, којшто овозможува автомобилот на Џејмс Бонд да достигне брзина од 305 km/h.

Интересно за оваа аукција е тоа што станува збор за единствениот „DB10“ којшто ќе биде понуден на продажба, а колекционерите ќе ги израдува и податокот дека автомобилот го носи и потписот на актуелниот агент 007 – актерот Даниел Крег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП