20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoldman Sachs: Кина уште 5 години ќе врши притисок врз растечките пазари 

Goldman Sachs: Кина уште 5 години ќе врши притисок врз растечките пазари 

kinata 3535

Големата и сложена економска транзиција во Кина ќе продолжи да врши притисок над растечките пазари во следните пет години, прогнозира „Goldman Sachs“, цитирана од „CNBC“. Во својот извештај од оваа недела инвестициската банка ги советува своите клиенти да ја „прилагодат својата изложеност“ кон средства од пазарите во развој.

„Земјата се обидува да ја пренасочи својата економија од модел управуван од извозот и инвестициите кон урамнотежен и ориентиран кон потрошувачката“, пишува во извештајот. „Планот од сложени и испреплетени реформи од таков размер никогаш не бил извршен. Транзицијата, ако се случи, нема да биде лесна“, наведуваат аналитичарите.

Тоа значи дека Кина ќе предизвикува пазарни флуктуации не само оваа година, а во наредните пет години, пазарите во развој ќе претрпат најголем товар.

„Развиените држави нема да бидат имуни на нестабилноста, која произлегува од Кина, но директните и индиректните економски последици за нив ќе бидат помали. Сепак очекуваме финансиските пазари да реагираат присилно, како што се случи во август 2015-та година и во почетокот на 2016-та година“, сметаат од „Goldman Sachs“.

Во 2016-та година инвестициската банка очекува 5,6% поврат од кинеските хартии од вредност, а просечниот годишен поврат за периодот 2016 – 2020 година од 4%.

Според „Goldman“ угнетувачот за пазарите во развој е дека Кина најверојатно ќе се обиде да го девалвира јуанот во следните неколку години, а во текот на следните две години се очекува поевтинување од 10-20% на валутата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП