11 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКорисниците превземале двојно повеќе апликации за Android наспроти iOS

Корисниците превземале двојно повеќе апликации за Android наспроти iOS

an app ios

Во 2015-та година од продавницата за „Android“ – „Google Play“ беа симнати двојно повеќе мобилни апликации во споредба со „App Store“ на „Apple“, соопшти аналитичката компанија „App Annie“. Сепак платформата на „Apple“ генерираше за 75% повеќе приходи во однос на својот конкурент.

Во случајот постигнувањето на „App Store“ е поважно, бидејќи бројот на симнувања на апликации останува речиси непроменет од 2013-та година, додека тој на апликациите за „Android“ речиси се дуплира за истиот период. Истовремено стапките на раст на приходите се слични и за двете платформи.

Резултатот е дека „iOS“ може да се користи од страна на помалку корисници и корисничката база да е речиси непроменета како број, но сепак таа продолжува да троши повеќе за апликации и купувања преку апликации. Токму затоа многу апликации продолжуваат да излегуваат прво за „iOS“ и потоа за „Android“, бидејќи потрошувачите се доста активни.

Статистиката на „App Annie“ покажува дека корисниците на „Android“ трошат најмногу за игри – 90% од сите приходи од апликации во „Google Play“ се токму од и во игрите. Кај „iOS“ уделот е 75%.

Податоците покажуваат дека најактивните пазари на „Google Play“ се Бразил, Индија, Индонезија, Турција и Мексико. Таму растот е најголем. Додека „iOS“ забележува најдобри резултати во САД, Јапонија и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП