26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: ЕЦБ има многу алатки за да се справи со инфлацијата

Драги: ЕЦБ има многу алатки за да се справи со инфлацијата

dragi formu

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги е загрижен во врска со изгледите пред инфлацијата во еврозоната, но е решен да го исполни мандатот за одржување на ценовната стабилност. Тоа тој го рече за време на Светскиот економски форум во Давос ден откако изјави дека ЕЦБ може да ја преиспита стимулите во март, пишува „Bloomberg“.

„Имаме многу алатки. Решени сме, имаме желба и располагаме со капацитетот на Управниот одбор да дејствуваме и да ги примениме овие алатки“, коментира Драги.

Коментарите се одразуваат на одлуката на ЕЦБ од четврток да ја преиспита својата стратегија за купување на средства за вкупно 1,5 трилиони евра и одржувањето на камата под нулата.

Драги ги подготвува инвеститорите седум недели пред самитот на централните банкари на 10-ти март. Екипата на претседателот на ЕЦБ се обидува да ги насочи инвеститорите кои беа против одлуките на банката во декември. Тогаш новите иницијативи кои ЕЦБ претстави, се отстранија од очекувањата.

Според зборовите на Драги трите тековни „мотори“ на обновата на еврозоната се монетарната политика, фискалниот пристап кој „генерално е неутрален, ако не и малку експанзионистички“, и ниските цени на суровините, кои поддржуваат расположлив приход.

Сепак, тој рече дека централните банкари се загрижени од ризикот од продолжување на ултраниската инфлација, поткопување на економското заздравување.

„Постојат се помалку причини да сме оптимисти, спрема изгледите пред инфлацијата. Тоа е така најмногу поради колапсот на цените на нафтата, но исто така и поради негативната ревизија на проекциите за растот во развиените економии“, коментира Драги.

Драги рече дека монетарната политика во еврозоната ќе се разликува од онаа во САД за некое време. Одлуката на Федералните резерви од декември да започне да се зголемува своите камати е „соодветно“, имајќи го во предвид подобрувањето на американска економија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП