21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто да очекуваме од новите смартфони на Asus?

Што да очекуваме од новите смартфони на Asus?

asusi 435

Во минатата година производителот на електроника „Asus“ претстави неколку варијанти на уреди од популарната серија „ZenFone 2“.

Новите податоци кои се појавија на интернет, покажуваат какви ќе се техничките карактеристики на двата нови модели на компанијата, кои се со тарифните имиња „Asus Z010DD“ и „Asus Z012D“.

Според пазарните набљудувачи најверојатно смартфоните ќе ја претставуваат новата трета серија на популарниот модел „ZenFone“.

Уредот „Asus Z010DD“ ќе е со 5.9-инчен екран со резолуција од 720 пиксели и 12 или 13-мегапикселна задна камера, како и 5-мегапикселна предна. Тој ќе е со процесорот „Qualcomm Snapdragon 615“, кој е осумјадрен со фреквенција од 1.5 GHz, како и RAM меморија од 3 GB. Внатрешната меморија ќе е при ниво од 32 GB. Оперативниот систем  на овој смартфон ќе е „Android 6.0“.

Другиот модел, под името „Asus Z012D“, ќе се одликува со 5,5-инчен екран со резолуција од 1080 пиксели, 3 GB RAM меморија и 32 GB внатрешна. Процесорот ќе е „Qualcomm Snapdragon 650“ со фреквенција од 1.7 GHz. Според информациите и овој паметен телефон ќе го има оперативниот систем „Android 6.0“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП