„Ford“ го подобри својот најмал „MPV“ модел со воведување на нов мотор и пакетот „Color Edition“.
Понудата на моделот „B-MAX“ oд 2016-та е збогатена со нова „Color Edition“ верзија наменета за клиентите кои бараат повеќе. Најважната новина е трицилиндарскиот 1.0 литарски „EcoBoost“ кој е модифициран и сега развива 140 ks.
Новиот мотор на автомобилот му овозможува oд 0 дo 100 km/h да забрза за 10,4 секунди. Според фабричките податоци, „B-MAX“ е опремен со агрегат кој просечно троши 5 l/100 km и емитува 116 g/km „CO2“.
„Color Edition“ верзијата може да се нарача во една од 10-те достапни бои на надворешноста, со нови 16-инчни алуминиумски бандажи, додека покривот и куќиштата на надворешните ретровизори се црни. Маската на ладилникот е црна со висок сјај и малиот спојлер на задниот дел на покривот стилски го заокружува екстериерот на автомобилот.
Во кабината на располагање меѓу останатото е и системот на „Ford“ – „SYNC“ за поврзување со помош на гласовни команди заедно со изборниот мултимедијален петинчен екран во боја и навигација, мануелниот клима уред…