Овен (21.03 – 20.04)
Неколку дена наназад ве измачува односот со некој семеен пријател. Во дилема сте дали тој има преголемо влијание врз вас и дали е време да се дистанцирате. Веќе почнува да ви пречи зависноста и потребата да се консултирате за се што ви се случува во домот. Се чувствувате силни и способни сами да донесувате одлуки.
Бик (21.04 – 21.05)
Парите многу добро ќе се вклопат во вашите планови околу домот. Имате многу добри идеи и време е да почнете да ги спроведувате. Размислете околу финансиската конструкција. Во моментов имате мегаломански идеи кои чинат многу пари. Можеби ќе треба малку да ги намалите апетитите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате голема потреба да се докажете пред семејството и постојано го барате нивното одобрување. Зголемената потреба за љубов ве тера да правите некои отстапки кои вообичаено не ги правите. Задоволни сте со постигнатото, но како да фали нешто за да бидете исполнети. Ќе се преиспитувате и ќе се прашувате дали правилно постапувате.
Рак (22.06 – 22.07)
Имате зголемена енергија и потреба да направите нешто што ќе ви го подобри стандардот. За сега само планирате и ја одложувате акцијата за некои идни времиња. Можен е краток пат кој ќе ви донесе некои нови можности. Ако сте осамени можна е ненадејна средба со личност родена во знакот на Лав или во знакот на Вага.
Лав (23.07 – 22.08)
Ако се занимавате со јавна работа, овој викенд ќе ви донесе неочекуван успех. Агресивната реторика и амбициозниот пристап полека ви ги отвораат вратите кон успехот. Целта ќе ја остварите, но внимавајте да ги зачувате нервите. Негативните емоции кои ќе ве обземат се резултат на преголемата амбиција.
Девица (23.08 – 22.09)
Овој викенд вашите емоции ќе бидат свртени кон работата и ќе се враќате во минатото за да можете да сфатите како сте ги направиле пропустите во работата. На крајот на викендот ќе дојдете до сознанието кое толку време го баравте во своите мисли. Горди на себе ќе направите план за идните чекори.
Вага (23.09 – 22.10)
Почнуваат да ви се случуваат работи и станувате горди сами на себе. Освен зголемената потреба да го смените надворешниот изглед и да блеснете, имате и потреба да се докажете во однос на работата. Егото ви се зголемува и самоувереноста расте.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Емотивните кризи кои ги имавте во изминатите неколку дена полека почнуваат да стивнуваат. Преиспитувањето околу работите што требале да се направат и оние што навистина се направиле веќе почнува да ве заморува. Признанието што ќе го добиете ќе ве направи горди и ќе ги избрише сите сомнежи што ги имавте.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Работата ќе почне да ви се зголемува, дури ќе почнете да размислувате да побарате помош. Ако сте во брак време е за разговор со партнерот. Доколку не го сторите тоа, може да направите грешка и патот да ве однесе на друга страна. Тајните врски се примамливи, но не се решение.
Јарец (22.12 – 20.01)
За вас е најдобро да ги игнорирате озборувањата и да се концентрирате на својата работа и на успесите што ви претстојат. Партнерските односи ви се стабилни. Партнерот е многу романтичен и бара внимание. Можеби не можете во потполност да сфатите што се случува со него, но ќе морате да се обидете да одговорите на неговите барања.
Водолија (21.01 – 19.02)
Големите планови оставете ги за некои идни времиња. Ве очекуваат пријатни изненадувања. Можно е да добиете повик од странство од личност со која одамна не сте во контакт. Дури и најзборливите Водолии ќе останат без текст. Доколку сте во брак или долга врска, обидете се да останете смирени и да не му се спротивставувате на партнерот.
Риби (20.02 – 20.03)
Во изминатиот период бевте премногу ангажирани околу работата и не можевте да се посветите на семејството. Финансиската ситуација ви е добра, но сепак внимавајте на трошоците. Зафатите што сакате да ги направите можат да чинат повеќе отколку што сте планирале. Ако сте слободни, може да се случи да отидете на средба која ќе ја држите во тајност.