18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСо оваа маска батеријата на телефонот никогаш нема да биде празна (видео)

Со оваа маска батеријата на телефонот никогаш нема да биде празна (видео)

maska 445555

„AMPWare“ маската ја поврзува модерната со старата технологија и поради тоа нема повеќе потреба да се грижите дали ќе ви се исклчи мобилниот телефон.

Моментално е достапна само за сопствениците на „iPhone 6S“. Посебната карактеристика на оваа маска е тоа што има механизам за полнење на батеријата. Имено, во склоп на маската е и рачката која се извлекува и ротира. Што повеќе се ротира, толку повеќе се произведува енергија која ја полни батеријата на „iPhone 6S“.

Еден од изумителите, Марк Габриел, тврди дека со 5 минути вртење на рачката се произведува доволно енергија за еден час нормално користење на телефонот, односно 5 часа кога е во „standby“ режимот.

Покрај тоа што произведува енергија, „AMPWare“ маската го штити телефонот од гребнатинки и падови. Цената на оваа маска е 79 долари, а достапна е во црна, темно зелена и светло зелена боја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП