17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајголем производител на електрични возила во Европа во 2015-та е ...

Најголем производител на електрични возила во Европа во 2015-та е …

zoe moi

„Renault“ e најуспешниот производител на автомобили со електричен погон во Европа. Во текот на 2015-та година француската компанија испорачала 23.086 eлектромобили, или 49 oтсто повеќе од 2014-та.

Oд вкупниот број на продадени електрични автомобили на европскиот пазар во 2015-та година, секој петти го има знакот на францускиот производител. Во исто време, „Renault ZOE“ е најпродаваниот чист електричен модел во Европа со испорачани 18.453 единици.

Овој модел воедно држи и 19,2% од пазарот на електрични возила на Стариот континент. Во 2015-та продадени се и 4.325 примероци од моделот „Renault Kangoo ZE“.

Најмногу електрични возила од марката „Renault“ се продадени на домашниот, француски пазар – 10.670 примероци. Речиси секој втор испорачан автомобил на струја во Франција е произведен во погоните на оваа компанија.

Причината за ваквиот успех на „Renault“ во 2015-та треба да се побара во државните стимулации на француската влада која го стимулира производството и продажбата на автомобили на струја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП