2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтпушти 10.000 за да преживее и успеа

Отпушти 10.000 за да преживее и успеа

bank-of-america-atm

Профитот на втората најголема американска банка „Bank of America“ во последниот квартал од 2015 година е зголемен за 10 проценти бидејќи таа ги намали трошоците и оствари подобри резултати.

Во последните три месеци од 2015 година по делењето на дeвидендата, профитот на „Bank of America“ изнесувал 3,01 милијарди долари, додека претходната година изнесувал 2,74 милијарди долари.

По акција профитот изнесувал 28 центи, додека беа прогнозирани 27 центи.

Директорот на „Bank of America“ Брај Мојнихан во соопштението наведе дека најголемата заработка на оваа банка во последните десет години е резултат на „зголемената работа со секој муштерија и клиент“.

Во рамките на намалувањето на трошоците, „Bank of America“ го намали и бројот на вработени за повеќе од 10.000 лица, односно за пет проценти на 213.280 од 223.715 пред една година. Исто така беа затворени и 129 филијали.

Како и другите банки и „Bank of America“ мораше да одвои пари за да ги покрие потенцијалните проблеми со кредитите во енергетскиот сектор, бидејќи ниските цени на нафтата ја отежнаа отплатата на кредитите на некои нафтени компании. Оваа банка во кредитите за енергетика, главно за истражување и услужни нафтени компании, даде 21,3 милијарди долари, што е околу два проценти од вкупните кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП