26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСорос: Европската унија се распаѓа!

Сорос: Европската унија се распаѓа!

Redesigning the International Monetary System: A Davos Debate: George Soros

Европската унија се распаѓа, а бегалската криза и наштети на германската канцеларка Ангела Меркел, оцени милијардерот и инвеститор Џорџ Сорос.

Тој на Светскиот економски форум во Давос, вчера порача дека паника е присутна во европската политика за азил.

Сорос, кој е роден во Унгарија, смета дека бегалската криза и наштети на Меркел.

„Таа сакаше да ја стопира (бегалската криза), па го ризикуваше својот политички капитал и загуби, затоа што нејзиниот гест за отворање на Германија, не беше соодветно подготвен“, порача Сорос.

Милијардерот смета и дека Русија била во „многу слаба позиција“ соочена со неизбежниот колапс, а дека кинеската економија забележала забрзан раст.

„Оваа азиска земја има поголем раст од повеќето други земји“, наведува Сорос.

Тој смета дека претедентот за републикански кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп „врши работа за Исламската држава“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП