ЕКОНОМИЈА

Работа на сите страни, но во Германија!

agencija rabota germanija 33

Во германскиот Завод за вработување во декември имало 591.000 oгласи за работни места, а најбараните професии биле во областа на транспортот и трговијата.

Според податоците кои ги објави Заводот, оваа бројка е за 93.000 повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Најбарани професии биле оние од областа на траспортот и продажбата, а причината за тоа е сезоната на празници. Потоа, меѓу најбараните беа и експертите од областа на мехатрониката, електричари.

Следат машинските и автомобилските техничари, работниците во индустријата за метал и здравствените работници.