2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 22.01.2016

Дневен хороскоп 22.01.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе го потврдите своето знаење и способноста во конкретни случаи. Прифатете ја љубовната понуда од една личност од блиската околина. Бидете доволно шармантни пред личноста која ги тестира вашите духовни квалитети. Потребен ви е сон.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Тешко ги поднесувате критиките од лицата кои не ги поднесувате доволно. Препуштете им се на обврските без висок степен на деловен ризик. Важно ви е да изгледате убаво, духовито и шармантно пред својата околина. Имате добро здравје.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ви се препорачува да продолжите со започнатата иницијатива и да не се завртувате кон негативните коментари. Немојте да го заострувате вашиот однос со саканото лице. Се исцрпувате премногу и тоа се одразува на вашиот имунолошки систем.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не сакате да одговарате на провокативните прашања. Лоша комуникација со соработниците. Доколку сте незадоволни со емотивниот или брачниот статус, преземете некои нешта во свои раце. Контролирајте го внесот на слатки, можна е дебелина.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не очекувајте значителна деловна или практична поддршка. Имате доволно сила да им се спротивставите на различните проблеми, но дополнителниот стрес лошо се одразува на вашата здравствена состојба. Љубовното внимание секогаш делува како најдобар лек за душата.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе успеете да ги завршите сите обврски пред зададените рокови. Важно е дека правилно се разбирате со своите соработници околу распределбата на деловните обврски. Забележувате дека партнерот има некои тајни планови, што дополнително влијае на вашата нервоза. Болки во пределот на грбот и зглобовите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Може да дојде до помирување со личноста со која не сте контактирале. Партнерот добро ги разбира вашите желби, но врз основа на вашите емотивни реакции ги препознава и работите кои мудро ги преќутувате. Разубавете се себе си и вашата околина, тоа ќе ве исполни со позитивно расположение.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Прифатете го советот од околината, тој ќе ви биде од корист. Не го лажете партнерот со лоши приказни. Пред партнерот не е важно само што зборувате туку и она што го правите и чувствувате. Проверете ја здравствената состојба.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате потреба за напредување, вашите деловно-финансиски резултати ги надминуваат просечните мерила. Партнерот ги разбира вашите емотивни потреби, сјајно се дополнувате во различни ситуации. Ви се препорачува повеќе одмор и прошетки.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Некој сака да ги употреби вашите изјави во своја корист. Бидете дискретни во интерперсоналните средби. Нема потреба да имате големи илузии или емотивни очекувања за лицето кое не го познавате доволно. Здравјето ви е стабилно.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Деловната ситуација се поправа, а со самото тоа и вашето расположение. Неочекуваните добивки кои пристигнуваат ќе ви помогнат да ги надминете сите пречки кои се поставени пред вас. Ќе дојде до помали несогласувања во партнерските односи, што многу ќе ви пречи. Можна е забоболка.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Склони сте на повлекување во себе и не сте заинтересирани да навлегувате во нови работи. Ви се советува да ја повратите самодовербата и да тргнете во победи. Партнерот ви е голема поддршка во се. Ве очекуваат убави заеднички моменти. Можни проблеми со забите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП