Минатата година повеќе од 60 милиони туристи го посетиле најголемиот град во САД – Њујорк, објавија градските власти, определувајќи ја бројката за рекорд во историјата на пресметките.
Како што забележуваат од администрацијата на Њујорк, бројот на посетители годишно се зголемува со неколку милиони луѓе во секоја од последните шест последователни години. Во изминатата година секој петти турист, или околу 12 милиони луѓе, биле странци.
Во последните 12 месеци најчестите гости на Њујорк се жители на Велика Британија, Бразил, Канада и Кина. Бројот на туристите не влијае дури и на сериозната загриженост за безбедноста и можноста за терористички напади во градот во позадина на нападите, извршени во Париз и Сан Бернардино, Калифорнија. Според властите, во 2015-та година мерките за безбедност се зајакнати. На пример, годишните прослави на традиционалниот парада по повод Денот на благодарноста и новогодишната ноќ на “Тајмс сквер” биле обезбедувани од илјадници полицајци и специјалците за борба против тероризмот.
„Како најбезбеден и најинтересен меѓу градовите во САД, Њујорк продолжува да биде центар на атракција за туристи од сите краеви на светот“, изјави градоначалникот Бил де Блазио.