Францускиот енергетски гигант „Total“ најверојатно ќе објави нето добивка за 2015-та година блиска до 10 милијарди долари во однос заработени 12,8 милијарди долари во 2014-та година, како резултат на падот на цената на нафтата. Тоа го коментира извршниот директор на компанијата Патрик Пујане.
„Ова ја покажува многу добрата ранливост, добриот отпор на групата, бидејќи цената на нафтата падна за 50%. Тоа е затоа што ние во „Total“ не само произведуваме, ние исто така рафинираме и правиме пластика и имаме други активности кои се помалку изложени на ризици“, изјави Пујане во интервју за францускиот телевизиски канал „France 2“.
Коментарите на Пујане доаѓаат пред „Total“ да ги објави своите годишни финансиски резултати на 11-ти февруари и во позадина на тековниот притисок врз претставувањето на малите и големите нафтени компании од страна на намалувањето на цените на нафтата.
Аналитичарите предвидуваат дека „Total“ ќе ја „испегла“ нето добивка – индикатор кој ги исклучува еднократните ефекти, како што се отпис на средствата за 2015-та година од 9,97 милијарди долари, или пад од 22% во однос на минатата година, покажуваат податоците на „FactSet“.
Претходно оваа недела, директорот рече дека нето добивката за 2015-та година падна за малку над 20%.
Откако цената на нафтата почна да се урива во крајот на 2014-та година, „Total“ ги намали оперативните трошоци и капиталните трошоци, истовремено го зголеми производството на нафта, за да го избегне влијанието на ниските цени на резултатите.
Компанијата забележа пад на добивката од 20% во секој од првите три квартали од годината.