18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАжурирањето iOS 9.2.1 обезбедува безбедносни подобрувања

Ажурирањето iOS 9.2.1 обезбедува безбедносни подобрувања

ios devet azu

„Apple“ го објави ажурирањето „iOS 9.2.1“ за „iPad“, „iPhone“ и „iPod Touch“ кое има неколку поправени грешки, некои подобрувања и надградба за проблемот со „MDM“ серверот.

Oние кои ги имаат споменатите уреди можат да го превземат најновото ажурирање, но не треба да очекуваат ништо специјално, затоа што веќе се најавува пристигнувањето на „iOS 9.3“ верзијата која моментално е во фаза на тестирање.

Вкупното ажурирање е „тешко“ малку под 38MB и вклучува некои безбедносни подобрувања и поправка на „багови“. „Apple“ укажува на решавање на проблемите кои го спречуваа комлетирањето на инсталирањето на апликации кога се користи „MDM“ серверот. И ова воедно е единствената конкретна карактеристика на ова ажурирање која се истакнува.

Корисниците на „Apple“ можат повеќе да очекуваат од верзијата „iOS 9.3“, кој ќе донесе доста нови функции, како што е „night mode“, подесување на бојата на екранот со елиминирање на синото светло и подобро користење на ноќниот режим. Тука е и опција за заклучување за „Notes“, ажурирање на „News“ апликациите, додавање нови фукции во „CarPlay“ и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП