2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle ја загуби битката за KitKat

Nestle ја загуби битката за KitKat

kitkat

Компанијата „Nestle“ ја загуби долгогодишната судска битка за заштитниот знак за обликот на својот чокаладен кекс „KitKat“ во Велика Британија.

Еден од најголемите светски производители на храна се обиде да го регистрира заштитниот знак од обликот на „KitKat“ во 2010 година, но на тоа се спротивстави ривалскиот производител на чоколади „Cadbury“.

Случајот претходно го отфрлија други судoви, меѓу кои и Европскиот суд за правда.

Високиот суд во Велика Британија денес ја поддржа таа одлука, наведувајќи дека обликот на „KitKat“ нема доволно „дистинктивен карактер“ за да ги задовои условите за заштитен знак.

Судот наведе дека обликот кој го има „KitKat“ се користи во Велика Британија повеќе од 80 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП