2 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche подготвува хибридeн 911

Porsche подготвува хибридeн 911

poki ihe

Компанијата „Porsche“ работи на создавање на хибридна верзија на моделот „911“, која ќе биде претставена во 2020-та година. Ова го објави главниот инженер на семејството „Porsche 911“ Ерхард Музел пред изданието „Car and Driver“.

Според зборовите на Музел, прашањето со создавање на хибридна модификација на еден од најпопуларните модели на марката веќе е целосно решено. Во моментов инженерите на компанијата работат на тежината на батериите и нивното комплетирање.

„Целта ни е „Porsche 911“ дури со хибриден погон да ја задржи сегашната мала тежина, но истовремено да биде опремен со батерии кои гарантираат поголем транзиција“, објасни инженерот.

Се очекува во основата на хибридниот агрегат на идното „911“ да биде поставен релативно мал бензински турбомотор, кој ќе управува со задната оска. За предната ќе одговара електричен мотор. Системот е целосно развој на „Porsche“, а не е позајмен од матичната компанија „Volkswagen“.

Мусел додаде дека во неговата компанија во оваа фаза се откажуваат од правење на целосно електричен „911“. Во „Porsche“ сметаат дека со хибридната модификација ќе може да ги задоволат се пожестоките стандарди за екологија, кои се наметнуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП