5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Кина планира лансирање на дигитална валута

Централната банка на Кина планира лансирање на дигитална валута

ki banka 3533

Кинеската централна банка сака да лансира сопствена дигитална валута, со цел да ги намали трошоците за циркулација на традиционалните хартиени пари и да ја зајакне контролата на централните банкари врз понудата на пари, соопштија од страна на централната банка на земјата, пренесува „Ројтерс“.

Тим на банката, формиран во 2014-та година, за да ги истражуваат дигиталните валути, ќе го подготви процесот, тврди централниот орган во соопштението објавено на неговиот сајт.

„Експертите треба да подготват јасна стратешка цел за лансирање на дигитални валути, надминување на клучните технолошки бариери и раното отпочнување на дигиталните валути на централната банка“, се вели во соопштението.

Со виртуелните валути може да се подигне и транспарентноста на економските активности и да го ограничат перењето пари и даночното затајување, вели уште институцијата.

Една од најпопуларните дигитални валути е биткоинот кој се создава преку „миниран“ процес во кој компјутерските ресурси се користат за извршување на милиони пресметки.

Подемот на биткоинот сепак, кој не се регулира во многу земји, предизвика загриженост дека валутата може да се користи како средство за перење пари и финансирање на екстремистички групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП