26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја е најдобрата земја во светот?

Која е најдобрата земја во светот?

ger zemja edna33

Која е најдобрата земја во светот? Постојат многу критериуми кои се однесуваат на ова прашање, но во новиот извештај се тврди дека е пронајден неговиот одговор.

Според првото издание на извештајот „Најдобри земји“, кое беше објавено денеска за време на годишната средба на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, се гледа како земјите се доживуваат на глобално ниво, па така најдобра земја во светот е Германија.

За да стигнат до овој заклучок, авторите на извештајот споредиле 60 држави со користење на различни критериуми како одржливост, авантури, културно влијание, претприемништво и економско влијание.

Над 16.200 бизнис лидери и други јавни личности се вклучиле во студијата за собирање на податоците.

Истражувањето е заеднички проект помеѓу „US News & World Report“, њујоршката консултантска компанија „BAV Consulting“ и бизнис училиштето Вартон на Универзитетот на Пенсилванија. Групата дури претстави посебен сајт за пласманот.

Иако САД е на четвртото место во рангирањето, таа останува највлијателната земја, според извештајот.

Еве и кои се најдобрите земји во светот:

1. Германија

2. Канада

3. Британија

4. САД

5. Шведска

6. Австралија

7. Јапонија

8. Франција

9. Холандија

10. Данска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП