8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei P9 ќе биде претставен во четири варијанти?

Huawei P9 ќе биде претставен во четири варијанти?

huvi 353

Се погласни стануваат гласините дека долго очекуваниот модел „Huawei P9“ ќе биде претставен за време на саемот за електроника во Барселона во четири варијанти.

Покрај стандардната верзија на моделот, се очекуваат уште три негови варијанти – буџетска верзија „P9 lite“, фаблет „P9 max“ и модел кој се уште нема име, но со многу повисоки карактеристики.

Инаку во однос на стандардната верзија, експертите очекуваат смартфонот да се одликува со 6 GB RAM меморија и двојна задна камера од 12 мегапиксели. Екранот најверојатно ќе е 5.2-инчен со резолуција од 1.080 пиксели, а процесорот „Kirin 950 SoC“ кој го произведува „Huawei“.

Најверојатно смартфонот ќе располага со сензор за отпечатоци. Според извештајот ниту еден од моделите на кинескиот производител, кои ќе бидат претставени оваа година, нема да се одликува со дисплеј со „QHD“-резолуција. Тоа е затоа што од „Huawei“ не сметаат дека повисоката резолуција ја заслужува жртвата, која ја бара од животниот век на батеријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП