28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNetflix се пофали со 23% раст на приходите

Netflix се пофали со 23% раст на приходите

netfix223

Американскиот онлајн дистрибутер на филмови и серии „Netflix“ ја заврши изминатата финансиска година со двоцифрен раст. Покрај тоа, компанијата најави дека од почетокот на јануари веќе има над 75 милиони корисници, пренесува „Bloomberg“.

„На 1-ви јануари, само неколку часа по крајот на четвртиот квартал, бројката на корисници достигна 75 милиони“, се наведува во писмото на компанијата до нејзините акционери.

Во последниот квартал од 2015-та година „Netflix“ забележа профит од 43 милиони долари (39,5 милиони евра), изјави Калифорнискиот концерн. Приходите забележаа раст од речиси 23 отсто до 1,82 милијарди долари. Сепак аналитичарите очекуваа малку повисок раст.

За периодот бројот на претплатници на „Netflix“ се зголеми за 5,59 милиони и така ја минале границата од 75 милиони. За првиот квартал од тековната година компанијата има намера да привлече нови 6,1 милиони корисници, откако на 6-ти јануари истовремено услугата стана достапна во 130 нови земји.

По објавувањето на извештајот цената на акциите скокна за 6% до 115,20 долари за готово.

Пред две недели „Netflix“ објави дека веќе е активна во 190 земји, меѓу кои и голем растечки пазар Индија. Во Кина американската компанија се уште не располага со дозвола на дејноста од страна на кинеската влада.

По тој повод сега директорот Рид Хестингс објави дека добивањето на дозвола за работење во земјата со најмногу жители во светот може да потрае години.

„Ние имаме долгорочни намери, а тоа може да значи и неколкогодишни дискусии“, појасни Хестингс во разговор со аналитичарите.

„Netflix“ е лансирана кон крајот на 90-тите години на минатиот век како компанија за испорака на „DVD“, а во 2007-ма година се преструктурира и започна стриминг услуга. Во последните неколку години Концернот го зајакна своето производство, со политичката серија „Куќа од карти“. По 450 часа сопствена содржина минатата година, сега „Netflix“ има намера да продуцира над 600 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП