18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG со сериозна промена во дизајнот кај моделот G5?

LG со сериозна промена во дизајнот кај моделот G5?

g5 serija

Се повеќе се појавуваат гласините за тоа што може да се очекува од новиот модел на „LG“ од популарната „G“ серија.

Најновите информации покажуваат каков може да е очекуваниот дизајн и карактеристики на премиум моделот на компанијата. Како што се гледа од сликата подолу, доколку информациите се покажат како точни, тогаш „LG“ најверојатно ќе се откаже од карактеристичната особина кај „G“ серијата, поточно копчињата за јачина на звук да се на задната страна на уредот.

g5 serija1

Сериозна промена се очекува да претрпи и целокупниот дизајн, во споредба со претходната четврта верзија, претставена во текот на изминатата година. Најпрепознатлива нова карактеристика на уредот се очекува да е неговиот метален дизајн. Досега сите уреди од серијата „G“ беа со пластични куќишта.

Копчето за активирање на уредот се задржува на грбот, овој пат кон него ќе биде додаден сензор за отпечатоци.

Во однос на димензиите, тие се очекува да се 149.4 x 73.9 x 8.2 mm. Екранот најверојатно ќе е со „QHD“ резолуција и големина од 5.6 инчи. Процесорот се очекува да е „Snapdragon 820“, а задната камера со резолуција од 20 мегапиксели. Предната камера најверојатно ќе е од 8 мегапиксели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП