
По 11 години откако се појавија на пазарот во САД, од „Mini“ соопштија дека во оваа земја неодамна го продале својот 500.000 автомобил.


По 11 години откако се појавија на пазарот во САД, од „Mini“ соопштија дека во оваа земја неодамна го продале својот 500.000 автомобил.
Во „Mini“ (како и кај германски „BMW“ кој е сопственик на овој британски бренд) секако се задоволни и горди на овој резултат, бидејќи докажаа дека овој мал автомобил може да успее на тој пазар, иако многумина се сомневаа во тоа.
Во првата година од продажбата (2002-та година) „Mini“ на американците им испорача 24.950 автомобили, додека во 2012-та година тој број се искачи на 66.123 возила. Нормално се зголеми и бројот на модели во понудата (стандардниот „hatchback“, „Clubman“, „Cabrio“, „Countryman“, „Coupe“, „Roadster“ и најновиот „Paceman“), но и бројот на дилери. Исто така од „Mini“ најавуваат дека до крајот на оваа година ќе го зголемат и бројот на дилери на автомобили од сегашните 116 на околу 130.