18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp ја отстранува таксата од 1 долар годишно

WhatsApp ја отстранува таксата од 1 долар годишно

whatsapp

Популарната апликација за разговор „WhatsApp“ соопшти дека ќе ја укине таксата од 1 долар годишно, соопштува технолошкиот блог „TechCrunch“. Изјавата е лично од извршниот директор на „WhatsApp“, Јан Коум за време на конференцијата „DLD“ во Минхен.

„Ќе ја отстраниме претплата од 1 долар. Сакам да ги уверам луѓето дека во апликацијата нема да има реклами“, коментира Коум.

Тој прецизира дека наплатата на таксата создава повеќе проблеми и не е ефикасно решение.

„Од една страна работата со кредитни картички е сложена. Од друга страна, не сакам луѓето да мислат дека некој ќе им ја прекине комуникацијата со остатокот од светот“, додава Коум. Наместо тоа компанијата ќе бара алтернативни методи на финансирање.

Меѓу нив е воведувањето на услуги за бизнис корисници. Предвидено е и опција да се овозможи на корпорациите да се создадат канали за комуникација со директните крајни корисници. Одлуката на „WhatsApp“ е дел од плановите за задржување на достапните корисници и привлекување на нови.

Компанијата сака да достигне 1 милијарда активни корисници, а во моментов има околу 990 милиони. Сегментот на апликациите за разговор е многу заситени со најразлични конкуренти. Масовно апликациите се бесплатни, па поради тоа од „WhatsApp“ сметаат дека не е добро нивната услуга да се наплаќа, макар и само долар годишно.

Собирањето на претплати ќе запре веднаш, но ќе потрае неколку седмици додека програмскиот код биде укинат од сите верзии на апликацијата, кои се уште се користат. Парите на оние кои веќе платиле за година напред, нема да бидат вратени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП