13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ќе ја реновира целата палета

BMW ќе ја реновира целата палета

bendzo 35

Компанијата „BMW“ откри детали за најважната надградба на спектарот на модели што ќе се одржи во пролет оваа година. Повеќето модели на баварците ќе добијат нови мотори и дополнителни опции.

Во семејството на „BMW Series 4“ ќе се појави модификацијата „440i“. Како и „340i“ со која ја дели платформата, и таа ќе добие 3,0-литарски турбомотор со 6 цилиндри и моќност од 326 КС.

Моторот се комбинира со 6-брзински мануелен менувач или 8-степен автоматски, а како опција се нуди системот „xDrive“. Возилото ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 5 секунди, што е за 0,2 секунди побрзо од верзијата „435i“ која се потпира на 306 КС.

Седанот и караванот „BMW Series 3“ веќе ќе се нудат и во верзија „325d“ со 2,0-литарски турбодизел со 224 КС. Седанот ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,1 секунди, а караванот за 6,3 секунди.

Предводникот на сериите „3“ и „4“ – спортскиот „BMW M4 GTS“, ќе биде опремен со бандажи направени од мешавина од јаглеродни влакна и алуминиум. Тие за околу 7 кг. полесни од досегашните алуминиумски бандажи понудени за возилото.

Кај „BMW Series 2 Gran Tourer“ и „Series 7“ веќе се нудат повеќе модификации со погон на четири тркала. Освен тоа сите варијанти на „седмицата“ добиле далечински систем за паркирање.

Кабриолетите „Series 2“, „Series 3“ и „M4“ се опремени со дополнителниот пакет „Open Air“, кој додава удобност при патување со соборен покрив. Новините кај „Series 6“, како и кај кросоверите „X3“, „X4“, „X5“ и „X6“ пак влијаат врз основната опрема која е значително напредната.

Што точно ќе се случува и какви ќе бидат новитетите од страна на баварскиот производител ќе биде познато во април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП