Најновите информации укажуваат на тоа дека телефонот на „Microsoft“ – „Lumia 650“ најверојатно официјално ќе биде претставен на 1-ви февруари.
Како што известува „Windows Central“, се очекува дека нема да има премногу помпа за време на лансирањето на овој уред наменет за средниот сегмент на пазарот. Тоа што е интересно е дека ова сугерира дека „Lumia 650“ би можел да биде последниот „Lumia“, затоа што „Microsoft“ планира во наредниов период да се фокусира исклучиво на „Surface Phone“.
„Lumia 650“ е „Windows 10 Mobile“ уред со 5-инчен екран, „Qualcomm“ процесор, 1GB RAM и „LTE“ поддршка. Телефонот ќе има куќиште од метал, а досега имавме множност да погледнеме неколку рендери, за кои многумина коментираа дека „Lumiа 650“ е многу подобар од пластичните премиум модели на „Microsoft“.
По се што досега дознавме, останува прашањето дали и што „Microsoft“ планира да понуди на буџетскиот пазар по моделот „Lumia 650“. Дали тие ќе бидат лансирани во рамките на „Surface“ брендот, кој досега беше резервиран за премиум телефоните, или евтините телефони комплетно ќе ги исфрли од својата понуда?