8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПодарок победа за Полска, ракометарите загубија од домаќонот

Подарок победа за Полска, ракометарите загубија од домаќонот

mak-polska

Македонија загуби од Полска со 23:24 (13:11), во второто коло, во А групата на 12-то Европско првенство во ракомет. Слично како и против Франција, Македонија одигра добар меч, но лошата реализација во последните 20 минути ги чинеше пораз против противник кој и не ја заслужи победата. Македонија во последното коло, во вторник, против Србија ќе го игра клучниот натпревар за пласман во наредната рунда.

Четири минути им беа потребни на македонските ракометари да ја почувствуваат атмосферата која ја создаде 13-илјадната публика во „Таурон арена“, односно да го постигнат првиот гол, а шест минути да влезат во вистинскиот ритам.

Полјаците на стратот како да беа изненадени од цврстината на македонската одбрана и разновидонста во нападот, каде не беше само  Кире Лазаров тој кој ги завршуваше акциите.

По водството на Полска од 1:2 во шестата минута, Македонија во наредните девет минути со серија од пет гола стигна до позитива од четири гола (6:2). Блескаа македонските репрезентативци во одбраната, каде целосно ги изолираа полските бекови, а она што ќе поминеше покрај исклучително подвижната зона, го сопираше одличнот Ристовски на голот.

Тај аутот на полскиот селектор донесе два брзи гола на домашната селекција (18.минута 6:4), Македонија се врати на предност од три гола во 20.минута (9:6). На тајм аутот полскиот селектор побара неговите играчи да играат преку пикерот Сипжак, за кого Македонија немаше решение во последната третина од првото полувреме.

До крајот на првиот дел Спижак постигна пет гола, но во ‘црвено-жолтиот’ табор покрај Кире Лазаров и Миркуловски се разиграа Митков и Прибак, па иако изостанаа головите од крилните позиции, на полувреме Македонија замина со предност од 13:11.

Кире Лазаров во првиот дел постигна четири, Миркуловски три, а Прибак и Митков по два гола, Ристовски имаше шест одбрани, додека кај Полјаците единствена светла точка беше Спижак кој постигна пет гола.

Полска започна да притиска уште од стратот на вториот дел, нашата игра во двата правци ги покажа првите слабости, па домаќинот во 37:минута со серија од три гола поведе со 15:16.

Сепак, Македонија го издржа првиот налет на Полска, во наредните две минути со головите на Миркуловски и Георгиевски ја врати предноста на своја страна (17:16).

По таа 39. минута тргна лошиот период во играта на Македонија која до 57. минута постигна само три гола. Во тие 18 минути Лазаров не реализира два седмерци, Шмал одбрани два зицера, а во ситуација кога ‘црвно-жолтите’ беа со играч повеќе на теренот, си дозволија две технички грешки Полјаците постигнаа два гола за водство од 20:24.

И кога сите во „Таурон арена“ помислија дека победникот е решен, Македонија на волшебен начин се врати во мечот, од 57. минута до крајот следуваше серија од три гола и 16 секунди напад за израмнување, кој не беше одигран онака како што побара селекторот Обрван, па Полска слично како и во првото коло среќно славеше 23:24.

Кире Лазаров постигна осум голови, Миркуловски четири, Прибак и Митков по два, додека Полска ја предводеше Спижак со седум гола.

Последното коло во А групата ќе биде решавачко за конечниот пласман, Полска и Франција ќе се борат за првото, а Македонија и Србија за третото место, натпреварите ќе се играат во вторник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП