23 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗFerrari ја менува стратегијата: Можно е производство и на 9.000 возила годишно

Ferrari ја менува стратегијата: Можно е производство и на 9.000 возила годишно

fer berza 33

Бизнис политиката на „Ferrari“ ќе претрпи измени, најави претседателот на компанијата, Серџо Маркионе, а еден од најважните новитети ќе биде подигнување на лимитот на производство од сегашните 7.000 на 9.000 возила годишно.

До 2019-та, годишното производство на „Ferrari“ би можело да достигне и повеќе од 9.000 автомобили, рече Маркионе на саемот за автомобили во Детроит.

Во разговор за „Блумберг“, тој рече дека пред донесување на конечната одлука треба да се утврди дали светскиот пазар би можел да апсорбира толкав број на автомобили од оваа марка во текот на една година.

„Кога „Ferrari“ беше основан во 1947-ма година идеата беше да се произведува еден автомобил помалку во однос на побарувачката“, објаснува Маркионе.

„Се додека ние се придржуваме на ова правило, се ќе биде во ред“, заклучи тој.

„Ferrari“ од октомври самостојно е присутен на берзата, а оттогаш неговите акции загубија 16 отсто од вредноста. Аналитичарите сметаат дека Маркионе со растот на производството сака да ги зголеми продажбата и профитот, како и да ја врати изгубената вредност на компанијата.

„IHS Automotive“ предвидува дека до 2020-та година „Ferrari“ најмногу автомобили ќе продава во САД (35%), со оглед дека кинескиот пазар покажува знаци на забавување на растот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП