26 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi во текот на 2015-та продаде 70 милиони смартфони

Xiaomi во текот на 2015-та продаде 70 милиони смартфони

xiaomi-logo222

Кинеската компанија „Xiaomi“ објави на својот профил на друштвената мрежа „Weibo“, дека во 2015-та година продала околу 70 милиони паметни телефони.

Со тоа не се исполнети очекувањата на компанија дека во текот на 2015-та година ќе продадат помеѓу 80 и 100 милиони смартфони.

Една од причините поради кои очекувањата за бројката на испорачани уреди во текот на 2015-та година не се исполнети е и тој што компанијата во текот на минатата година не претстави вистински премиум уред.

„Mi 4“ се појави на пазарот во 2014-та година, додека неговиот наследник „Mi 5“ се очекува на пазарот да пристигне во текот на февруари 2016-та година.

Сепак, 70 милиони продадени уреди е значителен успех за компанија која е основана пред нешто помалку од шест години, во април 2010-та година.

Резултатите од продажбата на паметни телефони се подобри во однос на оние кои ги забележа компанијата во 2014-та, тогаш успеаа да продадат околу 61 милион смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП