
Не еднаш сме велеле дека автомобилите се една од најлошите инвестиции кои можете да ги направите. Ако сепак сте одлучиле да купите нов автомобил, еве нешто врз кое треба да помислите. Некои автомобили поевтинуваат многу повеќе, откако ќе бидат купени.
Листата на модели кои губат најмногу од својата вредност, според истражувањето на „Carlypso.com“, врз основа на 46.000 продажби на модели во 2015-та година.
1. Nissan Leaf

Електромобилот на „Nissan“ го зазема првото место во рангирањето. Цената на моделот од 2015-та гдоина е сериозно засегнат од новодонесените даночни олеснување во износ од 7.500 долари, како и намалувањето на цената на горивата. Тој губи во просек 48% од својата вредност во прва година на патот.
2. Dodge Charger
Овој стандарден според големината седан, исто така доживува сериозна загуба на вредност во својата прва година. Мода во моментов се најголемите „пикапи“ и спортските автомобили со високи перформанси. Тоа во голема мера објаснува зошто возилото губи 45% од својата вредност во првата година.
3. Mercedes-Benz SL-Class

Овој родстер на „Mercedes“ со цена од 84.000 долари е сон на многу луѓе. Тие, сепак, е многу подобро да си го купат од „втора рака“, со оглед на тоа дека тој губи во просек 41% од вредноста по првата година, откако ќе излезе од салонот.
4. Chevrolet Camaro

Обновнениот модел ќе започне да се продава подоцна во текот на годината. Тоа во голема мера објаснува зошто моделот, кој е во продажба во моментов губи 39% од оригиналната вредност по прва година на патот.
5. Kia Cadenza

Овој седан со димензии блиски до оние на луксузните автомобили, не успеа да ги освои срцата на корисниците. Ниската популарност е во основата на тоа да губи 38% од вредноста по првата година.
6. Volkswagen Beetle

Побарувачката на моделот беше сериозно засегната од скандалот со дизел автомобилите на германскиот производител. Тоа во голема мера го прејудицира фактот дека по прва година „бубата“ губи 37% од својата вредност.
7. Chevrolet Express

Единствениот „миниван“ во рангирањето на „Calypso“ е овој модел на „Chevrolet“. Недостатокот на ажурирана верзија на моделот е во основата на тоа, тој да губи 37% од вредноста по првите дванаесет месеци на патот.
8. Mitsubishi Lancer

Во услови на раст на продажбата на кросоверите на „Mitsubishi“, оние на патничките автомобили се намалуваат. Продажната цена на моделот „Lancer“ се намалува за 35% по првата година.
9. Kia Optima

Седанот на „Kia“ е простран и удобен, но бележи слаб интерес од страна на корисниците. Тоа го прејудицира и фактот дека откако ќе биде купен, губи 35% од вредноста по првата година.
10. Cadillac CTS

По ребрендирањето како спортски седан од средната класа во 2014-та година, овој модел се одликува со висока цена, според стручњаците. Тоа во голема мера стои во основата на загубата од 34% во вредноста по првата година.


