21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на Rolls Royce во Русија лани скокнала за рекордни 5 отсто

Продажбата на Rolls Royce во Русија лани скокнала за рекордни 5 отсто

 

rols rojs

Продажбата на луксузните автомобили на британскиот производител „Rolls-Royce“ во Русија во минатата 2015 година се заголемила за рекордни 5 отсто, соопшти во петокот компанијата.

„Во текот на 105-годишната историја на присуството во Русија, имајќи ја предвид испораката на првиот модел на Rolls-Royce во 1910 година, првпат остваривме таков импресивен број продажба на возила во една календарска година. Можеме да го објавиме новиот апсолутен рекорд во продажбата во Русија“, се наведува во писмената изјава на Џемјс Крајтон, регионален директор на филијалата „Rolls-Royce Motor Cars“ за Европа.

Во изјавата, исто така, без да се наведуваат конкретни бројки, се истакнува дека побарувачката е забележлива во сите региони на Русија, вклучително секако и метрополите Москва и Санкт Петербург.

Како што претходно седмицава објавија од концернот „BMW Group“, во чиишто рамки влегува и британската марка, продажба на автомобилите Rolls-Royce на глобалниот пазар во 2015 година, се намалила за 6,8 отсто, односно 3.800 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП