19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГо открија името на новиот кросовер на Renault

Го открија името на новиот кросовер на Renault

maxtone  34

Новиот кросовер на „Renault“ ќе се нарекува „Maxthon“ и ќе го заземе местото на „Koleos“ во палетата на брендот. Ова го соопшти француското издание „Auto-Moto“, а притоа објави и сопствени слики со можниот изглед на моделот.

Цртежот на изданието е комбинирање на црти од последните 4 модели на „Renault“ – кросоверот „Kadjar“, четвртата генерација на хечбекот „Megane“, петтата генерација на „Espace“ и новиот седан „Talisman“.

maxtone  35

Кросоверот ќе биде изграден на платформата „CMF“ на концернот „Renault-Nissan“, кој е во основата на „Kadjar“, „Nissan Qashqai“ и „X-Trail“. Се очекува должината на „Maxthon“ да достигне 5 метри, што е за околу 360 мм повеќе од „X-Trail“. Моделот ќе добие како опција трет ред седишта.

Што се однесува до моторите – засега се познати само два. Тие се бензински и дизел со зафатнина од 1,6 литри и моќност од 150 и 160 КС. Се претпоставува дека ќе има и верзија со 200 КС, која ќе ја добие истиот бензински мотор.

maxtone  36

Деби на првата генерација во заминување во историјата, „Renault Koleos“, се одржа во 2008-ма година. Моделот претрпе два редизајни во 2011-та и 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП