18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Watch 2 пристига во март, стартуваше тест производството

Apple Watch 2 пристига во март, стартуваше тест производството

wa apple 323

Втората генерација на паметниот часовник „Apple Watch“ би требло да биде претставена на посебен настан кој ќе се одржи во март, доколку може да им се верува на гласините.

На истиот настан се очекува и претставување на 4-инчен „iPhone 5e“ (или „6c“ или „7c“) телефон. Сега новите гласни од Кина ни тврдат дека тест-производството на „Apple Watch 2“ ќе стартува на крајот на јануари. Ова е во склад со најавите дека уредот ќе биде претставен во март, како и дека во продажба ќе се најде најверојатно во април.

На тајванската компанија „Quant Computer“ и е доверена задачата за производство на втората генерација на овој паметен часовник, а тие веќе и официјално потврдија дека работат на новиот „Apple Watch“.

Според информациите новиот уред би требало да пристигне со „FaceTime“, како и со нови и подобрени сензори. „Apple Watch 2“, доколку може да им се верува на гласините, би требало да биде потенок од својот претходник, но дека ќе го задржи екранот со квадратна форма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП