10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПомоќни М3 и М4 претстави BMW (фото+видео)

Помоќни М3 и М4 претстави BMW (фото+видео)

mocni m paket

Седанот „BMW M3“, како и купето и кабриолет „М4“ веќе ќе може да се нарачаат со силно изразен спортски карактер со покачени динамички карактеристики. Ова е можно благодарение на пакетот „Competition“ развиен од „BMW M GmbH“.

mocni m paket1

Опцијата му обезбедува на 3.0-литарскиот би-турбо мотор зголемена до 450 КС максимална моќност, или за 19 КС повеќе во споредба со стандардниот агрегат. Ова овозможува побрзо забрзување, па времето до 0-100 км / час е за 0,1 сек. помалку, без разлика дали автомобилите се опремени со автоматски „M Double Clutch“ трансмисија или со рачна менувачка кутија.

mocni m paket2

Пакетот „Competition“ исто така вклучува адаптивни „M“ суспензија кои се поставени кон подобрените карактеристики на управувањето и моќноста и располага со нови пружини, амортизери и баланс штанглата со можност за прилагодување на различни режими на возење (Comfort, Sport и Sport +), покажуваат информациите од „BMW“. Вклучени во стандардната опрема се и активен „M“ диференцијал на задната оска и Динамична контрола на стабилноста (DSC), а исто се конфигурирани да одговараат на зголемената динамика.

mocni m paket3

Пакетот нуди и ексклузивни ковани, машински полирани и оптимизирани во однос на тежината и силата, 20-инчни „М“ алуминиумски тркала (предни 9J × 20; задни 10 J × 20) што имаат различна големина гуми напред и позади (предни: 265/30 R20, задни: 285/30 R20).

mocni m paket4

За „BMW M3“ седан и „BMW M4“ Купе, пакетот „Competition“ вклучува уште специјални лесни „М“ спортски седишта, како и безбедносни ремени со везени „BMW M“ ленти.

Пакетот „Competition“ ќе биде достапен на пазарот во пролетта оваа година, кога ќе бидат објавени и цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП