4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНападот во Истанбул како закана и за туристичкиот сектор на Турција

Нападот во Истанбул како закана и за туристичкиот сектор на Турција

sina dzamija 353

Самоубиствениот напад во срцето на најголемиот град во Европа резултираше со смрт не само невини туристи, но и индустрија вредна 32 милијарди долари, која веќе е погодена од конфликтот во соседна Сирија, коментира „Bloomberg“.

Никој не придонел повеќе за приходите од туризмот во Турција минатата година од Русите и Германците, кои и помогнаа на земјата да стане шестата најпопуларна дестинација во светот. Русите стојат подалеку од медитеранските одморалишта поради политичките скандали околу војната во Сирија. Сега Германија исто така стана „жртва“ на бомбата на најпосетениот плоштад во Истанбул, бидејќи повеќето од десетте убиени во вторникот наутро се Германци.

„Туристичкиот сектор ќе забележи дури поголеми загуби во 2016-та година, особено со оглед на фактот дека Германците претставуваат најголемата група туристи во Турција. Влошувањето на безбедноста и влијанието врз туризмот ќе имаат огромна улога врз економската доверба“, вели Наз Масраф, директор за Европа во „Eurasia Group“.

Турција планира да ја зајакне важната улога на туризмот, за да го поддржи напредокот на економијата меѓу падот на пазарите во развој и политичките тешкотии, кои доведоа до спроведување на парламентарни избори два пати за период од шест месеци. Минатата година, сепак беше на пат да биде првиот од 2006-та година, во која бројот на туристите не успева да забележи раст.

Рускиот претседател Владимир Путин влезе во конфликт со својот колега Реџеп Таип Ердоган поради соборувањето на руски борбен авион во ноември, кој учествувал во војната во Сирија. Оттогаш руските туристички оператори имаат забрана да продаваат аранжмани за Турција, а земјите го откажаа безвизниот режим.

Индустријата страда и од бранот бомбашки напади, припишувани на борци на ИСИС, вклучувајќи еден во Анкара во октомври во кој загинаа над 100 лица.

Претходните напади имаа за цел Курди на политички митинзи, што укажува ширење на војната во Сирија, каде што курдските милитанти се главните копнени сили против ИСИС. Бомбата во историскиот центар на Истанбул беше првиот пат кога цел на нападот биле странски туристи.

Одговорноста за нападот не беше превземена од никого, но турската Влада го идентификува напаѓачот како странски член на ИСИС кој пристигнал неодамна од Сирија.

Во Истанбул, старата престолнина на Византиската и Отоманската империја, секоја година доаѓаат повеќе посетители отколку во Њујорк, покажа „Global Destination Cities Index“ на „Mastercard“ за 2015-та година.

Бомбата беше активирана на неколку метри од Сината џамија. При самоубиствен напад минатиот јануари загина еден полицаец од блиска полициска станица.

„Тоа е добро избрана цел кога некој сака да ја поткопа туристичката индустрија на Турција“, вели Ојтун Орхан, аналитичар во „Center for Middle Eastern Strategic Studies“ во Анкара.

Туризмот формира 4,7% од економијата на земјата наспроти 7% за соседна Грција, тврди „World Travel and Tourism Council“. Владата планира да ги зголеми приходите до 35,5 милијарди долари до крајот на 2017-та година од 31,5 милијарди долари во минатата година.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека осум од неговите сонародници биле убиени, а други девет сериозно повредени.

„Во текот на долги години тероризмот не е засегаше нас, Германците, така, како денес. Треба брзо да расчистиме кој е атентаторот, како и околностите“, рече тој.

Посетителите од земјата го формираат најголемиот удел на туристи во Турција во последните три години, или 15% во првите 11 месеци од 2015-та година. Русите се на второ место, тврди Министерството за култура и туризам на Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП