Цените на акциите на францускиот производител на возила Рено, потонаа во четврток на берзата во Париз за 22 отсто, откако беше објавено дека полицијата упаднала во неколку фабрики на оваа компанија.
Компанијата го потврди доаѓањето на полицијата, соопштувајќи дека полицијата сакала да ја провери опремата во фабриките. Рено објави дека во целост соработува со истражителите и нагласи дека не користи уреди што ги лажираат емисиите на штетни гасови.
Првите информации ги поврзуваа овие истраги со емисиите на штетни гасови кај возилата, но француската полиција тоа не го потврди.