18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG ги претстави плановите за серијата К

LG ги претстави плановите за серијата К

k serija

Процесорите на смартфоните стануваат поевтини и со подобри перформанси, па така оние од просечната ценовна класа се сосема доволни, за да им помогнат на корисниците да ги извршуваат секојдневните задачи со паметните уреди.

Така се откриваат нови можности пред производителите на смартфони, да презентираат нови модели со добри карактеристики и ниски цени.

Од јужнокорејскиот производител „LG“, го следеа примерот на „Samsung“ и пуштија на пазарот нова серија смартфони – серија „К“, позната по пониските цени. И додека моделите од највисока класа од оваа серија – „К7“ и „К10“, беа прикажани за време на саемот за електроника во Лас Вегас, компанијата објави на „Facebook“ дека има намери да претстави уште уреди од оваа серија.

k serija1

Во плановите на „LG“ влегуваат уредите „K8“, „K7“, „K5“ и „K4“, па и рекламниот слоган на компанијата е „Најди свој стил“.

Најверојатно не сите од различните модели од серијата „К“ ќе бидат пуштени во продажба на сите пазари, тие ќе бидат избирани во зависност од специфичноста на конкретниот пазар. Како што веќе стана јасно од моделите „K10“ и „K7“, тие ќе се одликуваат со подобар дизајн и подобри камери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП