30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSkype ќе овозможува бесплатни групни видео повици

Skype ќе овозможува бесплатни групни видео повици

grupni povici 3543

Во „Microsoft“ веќе работат напорно на нова интересна функција во услугата „Skype“, која претставува една од најпознатите барани подобрувања меѓу корисниците на глобално ниво.

Компанијата сега потврди дека во следните неколку недели ќе обезбеди софтверски ажурирања на апликациите за водечките платформи, кои ќе ни овозможат да спроведуваме слободни групни видео повици. Предметниот инструмент ќе ја олесни дополнително комуникацијата во „Skype“ и првично ќе биде на располагање за „Android OS“ и „iOS“, како и за „Windows 10“, пренесе „Mashable“.

На овој начин секој кој има регистрирано профил на услугата ќе може да стартува групен видео разговор со до 25 луѓе истовремено, а оваа функција досега беше достапна само за „Skype for Business“.

Од „Мicrosoft“ се надеваат така да го одбележат соодветно десетгодишниот јубилеј од претставувањето на првата верзија на популарната услуга, па со тоа да ги израдува нејзините милиони фанови со опција за бесплатни групни разговори. Компанијата дури создаде свој веб-сајт за таа цел, во кој ќе може да се тестира начинот на кој функционира оваа нова услуга.

„Microsoft“ се обидува постојано да ја ажурира платформата и така да им овозможи на повеќето млади луѓе да ја користат, па така да се спротистават на конкуренцијата, како што е „Snapchat“. Во последните неколку месеци „Skype“ додадоа нова колекција од „емиткоини“ и филтри, па многу наскоро ќе можеме да се забавуваме на целосно поинаков начин со своите најблиски. Ќе треба уште малкку трпение за да започнеме да комуницираме со пријателите со бесплатни групни видео повици во „Skype“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП